“ВОД-ВАР
ИНЖЕНЕРИНГ”
ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, основана во 2010 година во приватна сопственост, e трговско друштво за производство, трговија и услуги со седиште на ул.Видое
Смилевски Бато бр. 5 локал 8а, Општина Аеродром,Скопје. Основна дејност на компанијата
е изведба и проектирање на водоводни, канализациони мрежи и други хидротехнички
објекти. Во тековното работење има реализирано голем број на проекти низ цела
Македонија, каде како Инвеститори се јавувале правни лица и Владата на
Република Македонија преку нејзините ресорни Министерства, Општините и странски
земји и организации преку нивните донации. Фирмата располага со стручен кадар
кој навремено, професионално и квалитетно, со соодветна градежна опрема, ги
исполнуваат поставените задачи со цел да излезат во пресрет на потребите на
своите клиенти.